Rania R.a. Abushamala
21 Април 2025•Ажурирај: 22 Април 2025
КАРТУМ/ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 33 цивили се убиени, а десетици повредени во артилериски напад извршен од паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) врз градот Ел-Фашер, главниот град на сојузната држава Северен Дарфур, во западен Судан, соопшти денес суданската армија, јавува Анадолу.
Според официјалното соопштение, милитантите на РСФ од вчераутро започнале со неселективно артилериско гранатирање врз населени области во градот.
Од страна на Силите за брза поддршка (РСФ) засега нема официјален коментар за овие наводи.