Gökhan Kavak
21 Април 2022•Ажурирај: 22 Април 2022
АДИС АБЕБА (АА) - Поради граѓанската војна во Етиопија, само минатата година поради неухранетост животот го загубила 1.900 деца, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата за агенцијата „Асошиејтед прес“ (AP), здравствените службеници кои работат во регионот Тигреј во Етиопија истакнаа дека граѓанската војна меѓу владините сили и Народниот ослободителен фронт Тиграј (TPLF) погодила стотици деца.
Наведено е дека 1.900 деца починале поради неухранетост како резултат од пустошот предизвикан од војната во регионот Тиграј на северот на земјата.
Се нагласува дека бројот на децата кои ги загубиле животите е поголем.
Меѓу другото, се забележува дека поради војната семејствата не можат да најдат храна за своите деца и не можат да одат во здравствените установи зашто превозот е небезбеден.
Тензиите и конфликтот меѓу Владата и бунтовничката ТПЛФ кои траат 1,5 години во покраината доведоа до тоа 90 отсто од населението во регионот да има потреба од помош.
Етиопската Влада прогласи едностран прекин на огнот на 24 март за да ги забрза напорите за хуманитарна помош во провинцијата Тиграј, а бунтовниците истакнаа дека ќе се придржуваат до прекинот на огнот.