Ali Cura
31 Декември 2018•Ажурирај: 01 Јануари 2019
МОСКВА (АА) - Според првичните сознанија, четири лица го загубија својот живот во експлозија на природен гас во зграда во градот Магнитогорск, кој се наоѓа во руската област Чељабинск, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на прес-центарот на Гувернерството на Чељабинск, околу 06:00 часот по локално време се случила експлозија во една 10-катна зграда во градот Магнитогорск.
Во експлозијата смртно настрадале четири лица, а има и повредени.
Во градот Магнитогорск е прогласена вонредна состојба, а во тек се операциите за пребарување и спасување.
Надлежните соопштија дека експлозијата е предизвикана од природен гас. Поради експлозијата во стан на вториот спрат од зградата, нанесена е штета на 48 други станови во истата зграда.
Заменик-гувернерот на Чељабинск, Олег Климов, изјави дека сè уште не се знае судбината на 79 лица.
Во соопштението на Кремљ се истакнува дека гувернерот на Чељабинск, Борис Дубровски, преку телефон го информирал рускиот претседател, Владимир Путин, за случајот.