Ahmed Asmar
10 Декември 2024•Ажурирај: 11 Декември 2024
ГАЗА, Палестина (АА) - Седум Палестинци, меѓу кои една жена и три деца, утринава се убиени, а има и се повредени во израелскиот воздушен напад врз куќа во бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу.
Цивилната одбрана соопшти дека нејзините спасувачки тимови ги извадиле телата на седум лица убиени во израелскиот воздушен напад врз куќата на семејството Калифа во бегалскиот камп Нусејрат.
Медицински извор од болницата „Ал-Авда“ рече дека жртвите, меѓу кои една жена и три деца, заедно со другите повредени се донесени во болницата.
Во израелскиот воздушен напад целосно е уништена куќата и сериозно се оштетени околните згради, изјавија очевидци за Анадолу.
Израел започна геноцидна војна во Појасот Газа во која се убиени речиси 44.800 луѓе, главно жени и деца, по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври минатата година.
Минатиот месец Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата војна против Газа.