Ahmed Asmar
13 Февруари 2024•Ажурирај: 14 Февруари 2024
АНКАРА (АА) - Бројот на загинати Палестинци во израелската смртоносна офанзива на Појасот Газа се искачи на 28.473, соопшти Министерството за здравство на Газа, јавува Анадолу.
Исто така, соопштено е дека уште 68.146 лица се повредени во офанзивата што трае повеќе од четири месеци.
Во соопштението се наведува дека израелската Армија во последните 24 часа извршила 16 масакри низ Појасот Газа во кои загинале 133 лица, а 162 се повредени.
„Многу луѓе сѐ уште се заробени под урнатините или на патиштата и спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава.
Иако Меѓународниот суд на правдата (МСП) издаде привремена забрана против Израел во случајот за геноцид што го започна Јужна Африка, Тел Авив продолжува да ги оспорува одлуките на Судот.
Воената кампања, исто така, доведе до масовно раселување, уништување и недостиг на храна, вода и засолниште.
И покрај противењето на меѓународната заедница, Израел планира копнена инвазија на Рафа, каде што најмалку половина од 2,3 милиони жители на Појасот Газа избегаа, почитувајќи ги претходните израелски наредби за евакуација.