Aldıjana Hadzıc
28 Октомври 2018•Ажурирај: 29 Октомври 2018
МАДРИД (АА) - Во водите на Средоземното Море смртно настрадаа две деца мигранти, соопшти шпанската невладина организација „Caminando Fronteras“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Истовремено, во близина на брегот на северно Мароко, по тонењето на чамец, исчезнаа 16 мигранти од Мароко.
Податоците на Меѓународната организација за миграции (IOM) покажуваат дека од почетокот на годината, по морски пат во Шпанија стигнале 42.500 мигранти. Исто така, својот живот во текот на патувањето го изгубиле 433 мигранти, а меѓу главните причини за поморските несреќи е пренатрупаноста на пловилата.
Шпанската поморска спасувачка служба соопшти дека во водите помеѓу Шпанија и северот на Африка, спасени се 53 лица, откако чамец со мигранти почнал да пропушта вода. Пронајдени се две безживотни тела. Невладината организација „Caminando Fronteras“, која им помага на мигрантите, соопшти дека станува збор за телата на две деца на возраст од седум години.
Сè поголем е бројот на мигрантите од Мароко и субсахарскиот регион кои на различни начини се обидуваат да стигнат до Шпанија, било по морски пат или со илегален премин во шпанските енклави во Мароко, Сеута и Мелиља.