Muhammed Boztepe
10 Октомври 2018•Ажурирај: 11 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - МУХАММЕД БОЗТЕПЕ
Во мрежата на сепаратистичката терористичка организација ПКК/КЏК која децата од 14 до 18-годишна возраст ги користи за своите валкани амбиции, се наоѓаат 679 деца што ги одвоила од нивните семејства и ги тера присилно да војуваат, пишува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА, оваа сепаратистичка терористичка организација која ги дозволува сите видови насилство и ги убива луѓето без разлика дали се млади или стари, за своите цели ѝ дава голема важност на поддршката на жените и младите за да го продолжи своето постоење.
ПКК/КЏК не прави ограничувања според возраста на децата, за подобна ја смета секоја личност која независно од нејзините родители може да учествува во активности и демонстрации.

Оваа организација, која не избегнува да вклучува во својата мрежа голем број деца што влегле во пубертет, укажувајќи на важноста на концептите како храброст, машкост и жртвување, со цел вклучување на младите во своите редови ги користи методите на психолошко влијание.
Во текот на основањето на оваа терористичка организација, поголемиот дел од нејзините припадници ја сочинуваа млади момчиња и девојчиња кои се во периодот на средно образование, додека во 1980-тите години, кога започна да ги зголемува своите оружени активности, киднапираше млади лица на возраст од 15 односно 16 години во име на таканаречените „борци“.
Оваа терористичка организација која и денес продолжува со овој пристап, ги вработува децата во таканаречени единици и комитети во своите центри во градовите или во руралните подрачја.
Во мрежата на ПКК/КЏК, која децата од 14 до 18-годишна возраст ги користи во своите валкани амбиции, се наоѓаат 679 деца под 18-годишна возраст, што ги одвоила од нивните семејства и присилно ги тера да војуваат.
ПКК/КЏК во последните 9 месеци измами 47 деца под 15-годишна возраст со ветување за подобар живот, и заканувајќи им се или киднапирајќи ги, ги претвори во терористи. Овој факт се открива и во изјавите на терористите кои се фатени или избегале од оваа организација.
Оваа сепаратистичка организација во 2014 година преку закани и притисоци вооружи 305 деца, 424 деца во 2015, 222 деца во 2016 година, како и 88 деца минатата година.
ПКК/КЏК во периодот од 1990 до 2018 година присилно вклучи 1.466 деца под 15-годишна возраст во активностите на оваа организација.
Благодарение на успешните активности на безбедносните сили на Турција, во последните 3 години е забележан значителен пад во бројот на деца вклучени во оваа терористичка организација.