Kasım İleri
07 Јануари 2021•Ажурирај: 07 Јануари 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Вршителот на должност американски секретар за одбрана, Кристофер Милер, соопшти дека поради нередите во зградата на Капитол е активирана Националната гарда на Вашингтон, јавува Агенција Анадолија (АА).
Милер изјави дека реагирал со началникот на Генералштабот на американската војска Марк Мили, потпретседателот на државата Мајк Пенс, челничката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси, лидерот на сенатското мнозинство Мич Меконел, лидерот на сенатското малцинство Чак Шумер и претставникот на Мериленд, Стени Хојер.
Милер истакна дека во потполност е активирана Националната гарда во Вашингтон.
„Доколку локалните власти побараат, подготвени сме да пружиме и додатна поддршка. Нашиот персонал положи заклетва на заштитата на нашиот Устав и демократскиот поредок и ќе се однесува според тоа“, порача Милер.
Безбедносните сили претходно пронајдоа и неутрализираа експлозивна направа недалеку од Конгресот.