Ruslan Rehimov
08 Мај 2022•Ажурирај: 09 Мај 2022
КИЕВ (АА) - Во руските напади на Украина животот го загубија 225 деца, а 413 се ранети, известува Агенција Анадолија (АА).
Украинското обвинителство соопшти дека во бомбардирањата што ги извршила руската Војска оштетени се 1.635 образовни институции, од кои 126 се потполно уништени.
Во соопштението се наведува дека од 24 февруари, кога почнаа руските напади, животот го загубија 225 деца, а 413 се ранети.