Emel Öz Gözellik
07 Март 2019•Ажурирај: 10 Март 2019
АНКАРА (АА) – Во Северна Кореја околу 11 милиони луѓе се соочуваат со недостиг на храна, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Канцеларијата за хуманитарна координација на Обединетите нации (OCHA), со осврнување на извештајот на координаторот на Северна Кореја на ОН, Тапан Мишра, се наведува дека во Северна Кореја 11 милиони луѓе се соочуваат со неисхрантост, а тоа е 43 отсто од населението.
Во извештајот се посочува дека „несигурноста во храната и недоволната исхрана“ во земјата се распространети, и дека кај едно од пет деца има нарушувања во развојот предизвикани од неисхранетост.
Во извештајот на ОН се истакнува дека од вкупното население од 25,5 милиони, за 3,8 милиони од населението потребна е итна хуманитарна помош во вредност од 120 милиони долари.
Во извештајот се наведува дека поради недостигот на чиста вода и хигиена во Северна Кореја, кај децата се зголемува ризикот од смрт од болести кои можат да се лекуваат.