Barış Seçkin
27 Јуни 2017•Ажурирај: 28 Јуни 2017
РИМ (АА) - Во Средоземното Море, помеѓу брегот на Либија и Италија, во последните 24 часа се спасени 5.000 мигранти, а во претходните два дена 8.500 мигранти се пренесени во Италија, јавува Anadolu Agency (AA).
Со доаѓањето на летните месеци и подобрувањето на условите во Средоземното Море, интензивиран е илегалниот премин на мигрантите од Африка во Европа.
Италијанската новинска агенција „ANSA“ (АНСА) јавува дека во координација со Командата на крајбрежната стража на Италија, во спасувачките акции во последните 24 часа се спасени 5.000 мигранти кои се наоѓале на 18 пловила.
Освен тоа, 8.500 мигранти се спасени во претходните два дена и пренесени се до пристаништето на островот Сицилија.
Според податоците на Министерството за внатрешни работи на Италија објавени денес, во таа земја годинава, преку Средоземното Море, по илегален пат пристигнале 73.094 мигранти.
Од Меѓународната организација за миграции (IOM) минатата недела е соопштено дека оваа година во морето смртно настрадале 2.108 мигранти.