Ekipa
30 Април 2019•Ажурирај: 01 Мај 2019
ПАРИЗ (АА) - Во тек се подготовките за обнова на катедралата „Нотр Дам“ во Париз, чија инфраструктура беше уништена во пожарот на 15 април, јавува Anadolu Agency (AA).
Историското обележје на Париз е сериозно оштетено како последица на пожарот, кој беше изгаснат по големите напори на 500 пожарникари.
Пожарот ја уништи куполата на катедралата и нејзиниот покрив и предизвика голема штета во внатрешниот дел.
Досега се ветени 850 милиони евра (947 милиони долари) од приватни извори како помош за обнова на катедралата.