Aşkın Kıyağan
30 Април 2019•Ажурирај: 01 Мај 2019
БРАТИСЛАВА
Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, истакна дека некои земји во Европската Унија (ЕУ) се противат на процесот на пристапување на Турција во ЕУ, но дека во однос на тоа прашање не се искрени, јавува Anadolu Agency (AA).
„ЕУ треба да покаже почит кон една земја како што е Турција, затоа што нашата безбедност започнува од Турција, особено кога ќе се размисли за прашањата за миграциите и тероризмот“, нагласи Сијарто.
Во Братислава, главниот град на Словачка, Турција и Вишеградската група (Словачка, Чешка, Унгарија и Полска), со учеството на министрите за надворешни работи на земјите го одржаа „4. Состанок на министрите за надворешни работи на В4 и Турција“.
Унгарскиот министер за надворешни работи, Сијарто, во својата изјава на заедничката прес-конференција истакна дека земјите од Вишеградската група и Турција размениле идеи за тоа како да ја зајакнат соработката, особено во борбата против тероризмот и во областа на миграциите.
Сијарто, истакнувајќи дека во борбата против тероризмот многу е важна соработката со Турција, тврди дека Обединетите нации (ОН) и ЕУ го штитат тероризмот со поттикнувањето на имиграционите прашања.
Сијарто, наведувајќи дека од страна на Обединетите нации е започнат правен процес кон Унгарија, истакна: „Правниот процес е започнат поради апсење на едно лице кое на границата на Унгарија извршило терористички напад, фрлајќи со камен по полицијата.“
„ОН, наместо да застанат на страната на лицата кои ја штитат својата земја и својата граница, тие застанаа на страната на терористот; според нас, тоа е срамно и шокантно.“
Одговарајќи на прашањето за членство на Турција во ЕУ, Сијарто нагласи дека ЕУ треба да има поискрен став во однос на процесот на зачленување на Турција во ЕУ.
„Некои земји членки во преговорите за членството на Турција во ЕУ кажуваат дека се против членството на Турција во ЕУ, но не можам да разберам, зошто овие земји пред народот не го споделуваат тоа мислење. Не е коректно со Турција да се игра ваква игра. Тоа е показател дека немаат почит кон Турција. ЕУ треба да покаже почит кон една земја како што е Турција, затоа што нашата безбедност започнува од Турција, особено кога ќе се размисли за прашањата за миграцијата и тероризмот“, рече Сијарто.
Покрај тоа, Сијарто нагласи: „Турција е на патот за многу кратко време да стане една од најголемите економии во светот. Турција има втора по големина армија во НАТО.“
Сијарто, исто така повтори дека Турција е важен стратешки партнер за ЕУ.