Ali Cura
30 Април 2019•Ажурирај: 01 Мај 2019
КИЕВ (АА) - Централната изборна комисија на Украина објави дека Владимир Зеленски официјално е победник на претседателските избори во Украина, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Централната изборна комисија на Украина, Татјана Слипачук, на денешната прес-конференција ги објави официјалните резултати од претседателските избори.
Слипачук истакна дека во вториот круг од претседателските избори победил Зеленски, со освоени 73,22 отсто од гласовите, а дека неговиот противник Петро Порошенко, со освоените 24,45 отсто од гласовите, загубил на изборите.
Се очекува Зеленски до 31 мај да положи свечена заклетва и да започне со функцијата претседател на Украина.