Ekip
21 Јули 2019•Ажурирај: 22 Јули 2019
КИЕВ (АА) - Во Украина денес се одржуваат предвремени парламентарни избори на кои се очекува партијата на украинскиот претседател, Владимир Зеленски, да го освои мнозинството од гласовите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Анкетите пред изборите покажуваа дека партијата „Слуга на народот“ на украинскиот претседател би можела да добие поддршка нешто поголема од половината од избирачите.
Меѓутоа, само 225 од 424 места во украинскиот Парламент (Врховна рада) се избираат од партиската листа, додека распределбата на останатите самостојни мандати би можела да се разликува од јавното мнение.
Зеленски, кој во мај ја презеде функцијата претседател на Украина, распиша предвремени избори бидејќи поголемиот дел од Парламентот го сочинуваа неговите противници, ограничувајќи им го капацитетот да ги спроведат реформите.