İslam Doğru
21 Мај 2019•Ажурирај: 22 Мај 2019
ЊУЈОРК (АА) - Жителите на Њујорк, без оглед на бојата на кожата и религијата, организираа протест во знак на поддршка на американската конгресменка Илхан Омар, која веќе подолго време е жртва на обвиненијата за антисемитизам, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестите на „Тајмс сквер“, кои ги поддржаа Евреите, муслиманите и христијаните, ги организираше организацијата „Neturei-Karta International“.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Критикувањето на Израел не е антисемитизам“, „Омар, благодарам за поправедниот свет“, „Нулта толеранција за исламофобијата“, и извикуваа различни слогани. Одредени демонстранти се обидоа да го запалат израелското знаме.
Рабинот Дејвид Филдман во своето обараќање ги осуди нападите и провокациите упатени кон Омар. Тој додаде дека тие не ги претставуваат ставовите и перцепциите на американските Евреи.

Филдман изјави дека денес и ортодоксните Евреи, како и Палестинците, страдаат многу под израелскиот режим.
„Заедно со многу Американци очекуваме похрабри политичари, како Илхан Омар, кои ционистите нема да можат да ги заплашат“, изјави Филдман.
За време на демонстрациите не се забележани поголеми инциденти.