Elena Teslova
23 Февруари 2023•Ажурирај: 24 Февруари 2023
МОСКВА (АА) - Авионот на Министерството за одбрана на Русија се сруши во западната област Белгород, соопштија денеска локалните власти, пренесува Анадолу.
„Авион на Министерството за одбрана се урна во областа Валујски. Сега на самото место работи истражен тим и вработени во Министерството за вонредни состојби“, објави гувернерот Вјачеслав Гладков на Телеграм.
Гладков нагласи дека ситуацијата е под контрола и дека се истражуваат причините за инцидентот.
Повикувајќи се на полициски извори, Руската државна новинска агенција ТАСС објави дека пилотот се катапултирал пред несреќата.