Elena Teslova
04 Декември 2020•Ажурирај: 05 Декември 2020
МОСКВА (АА) - Еден од тројца вооружени мажи кои се обиделе од Украина илегално да влезат во Русија, е убиен, соопшти руската Федерална служба за безбедност (FSB), пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Инцидентот се случи на границата меѓу Украина и рускиот регион Белгород“, соопшти руската Федерална служба.
Според информациите, граничарите се обиделе да ги уапсат мажите, но се соочиле со вооружен отпор.
„Во пресметката, еден од нив е тешко ранет, додека двајцата побегнаа назад на украинска територија“, се вели во сооштението.
Сличен инцидент се случи во 2017 година во рускиот регион Курск, кога руските граничари пронајдоа група непознати луѓе кои се обидувале да ја преминат границата надвор од контролниот пункт.
Кога граничарите се обидоа да ги проверат нивните документи, се случи пукотница во која загинаа еден стражар и еден член од групата која се обидувала да ја премине границата.