Mehmet Alaca
31 Декември 2021•Ажурирај: 03 Јануари 2022
АНКАРА
Вратени се назад првите изданија на комплетот книги „Господарот на прстените“, украдени од продавница та на хумнаитарна организација во Велика Британија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на „Би-би-си“ (BBC), Домот за нега „Сент Ричард“ во Ворчестер, соопшти дека украдените книги се вратени во продавницата откако кражбата е пријавена во полиција на 19 декември.
Во соопштението домот за нега им се заблагодари на лицата кои ја споделија информацијата за кражбата и обезбедија нивно враќање.
Копиите на „Дружината на прстенот“, „Двете кули“ и „Враќањето на кралот“ се чуваат во заклучен кабинет во продавницата.
Се нагласува дека книгите со тврд повез ги содржат текстовите од првото издание од 1954 година, но сите се објавени во 1957 година.
Домот за нега „Сент Ричард“ опслужува повеќе од 2.900 пациенти и членовите на нивните семејства во Ворчестер.
Се наведува дека оперативните трошоци на домот минатата година изнесувале 8,75 милиони фунти.