Muhsin Barış Tiryakioğlu
01 Декември 2018•Ажурирај: 03 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Министерката за енергетика на Бугарија, Теменужка Петкова, вчера изјави дека гасоводот „Турски тек“ ќе поминува преку Бугарија, јавува Anadolu Agency (AA).
Петкова, за време на нејзиниот говор во Парламентот на Бугарија изјави дека официјалната изјава дошла од руската енергетска компанија „Газпром“, во која се вели дека Бугарија ќе се наоѓа на рутата за гасоводот „Турски тек“.
Бугарската министерка изјави дека оваа одлука била донесена откако биле земени предвид економските услови на Бугарија.
Датумот за тоа кога ќе започне протокот на гас и колкаво количество гас ќе биде пренесен преку Бугарија, ќе биде одлучен подоцна.
„Турски тек“ е гасовод за пренос на природен гас преку Црното Море од Русија до Турција.
Проектот се состои од две линии, секоја со должина од 930 километри и вкупен капацитет од 31,5 милијарди метри кубни.
Турција ќе добие 15,75 милијарди кубни метри гас, додека преостанатиот капацитет ќе биде испратен во Европа.