Gökhan Kurtaran
12 Април 2017•Ажурирај: 12 Април 2017
ЛОНДОН (АА) - Меѓународната хуманитарна фондација „Oxfam“ (Оксфам) соопшти дека 50-те најголеми компании од САД, со цел да плаќаат помали даноци, на своите офшор-сметки имаат околу 1,6 трилиони долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот на „Oxfam“, чие седиште е во Оксфорд, се наведува дека 50 најголеми компании во светот, меѓу кои и „Apple“ (Епл), „Microsoft“ (Мајкрософт“ и „Wall Mart“ (Валмарт), со цел да плаќаат помали даноци, на своите офшор-сметки имаат околу 1,6 трилиони долари.
Меѓу овие компании, „Apple“ е на првото место, т.е. надвор од САД има офшор-фонд од приближно 200 милијарди долари, следува „Pfizer“ (Фајзер) со 193,6 милијарди долари, а „Microsoft“ е на третото место со 124 милијарди долари.
Во извештајот се истакнува дека големите компании, со цел на САД да им плаќаат помали даноци, на офшор-сметките префрлиле 200 милијарди долари повеќе во однос на 2015 година.
Постариот консултант во „Oxfam“, Роби Силвермен, во врска со темата рече дека во моментов „заобиколувањето на данокот“ не се смета за илегално, доколку компаниите преку различни фирми во странство го избегнат плаќањето на данокот.
Силверман изјави: „Избегнувањето данок од страна на компаниите стана стандард на глобално ниво. Оние кои го применуваат тоа, секоја година на САД не им плаќаат данок од приближно 135 милијарди долари“.