Emel Öz Gözellik
29 Ноември 2018•Ажурирај: 29 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, истакна дека претседателите на земјите на групата Г20 треба да покажат поефективно лидерство и да направат похрабри чекори против значајните проблеми како што се климатските промени и нерамноправноста, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјава за медиумите, пред заминувањето за аргентинскиот главен град Буенос Аирес, со цел да учествува на Самитот Г20, Гутереш нагласи дека земјите треба да работат заедно за еден поправеден свет, и дека светот се соочува со криза за веродостојност.
„Претседателите на земјите на Г20 треба да покажат поефективно лидерство против значајните проблеми како што се климатските промени и нерамноправноста“, додаде тој.
Гутереш нагласи дека неправдата во светот сѐ повеќе се зголемува, и дека споровите околу трговијата и геополитичката тензија носат уште поголем притисок врз глобалната економија.
Осврнувајќи се на трошоците за климатските промени од социјален и економски аспект, и од аспект на животната средина, Гутереш нагласи дека во случај веднаш да не се преземат мерки, трошоците за природните катастрофи и загадувањето на воздухот врз глобалната економија до 2050 година ќе достигне до 21 трилион долари.
Гутереш истакна дека лидерите на Г20 ги имаат потребните пари и моќ за решавање на климатските проблеми.
Тој рече дека за време на средбата со министерот за надворешни работи на Јужна Кореја, Канг Кјунг-Ва, во Њујорк, истакнал оти ОН го поддржуваат мировниот процес и денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров.