Elena Teslova
18 Јануари 2019•Ажурирај: 19 Јануари 2019
МОСКВА (АА) - „Два руски борбени авиони од типот „Су-34“ утринава се судрија во воздух за време на тренинг-лет“, објави денес руското Министерство за одбрана, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Инцидентот се случи на рускиот Далечен Исток, 35 километри од брегот, над Јапонското Море, додека авионите вежбале маневрирање“, се вели во соопштението на Министерството.
„Авионите опасно се приближиле и се допреле, што предизвикало судир“, се вели во соопштението.
„Посадите на авионите се катапултираа. Авион „Ан-12“ и два хеликоптера „Ми-8“ се во потрага по пилотите во подрачјето на катапултирањето. Борбените авиони летале без муниција“, се вели во соопштението.
„Су-34“ е мултифункционален авион бомбардер, кој може да напаѓа цели во воздух, на копно, море и површински цели. Има двочлена посада.