Safiye Karabacak
10 Декември 2025•Ажурирај: 11 Декември 2025
Две нови жртви во нападите на израелската Армија во Појасот Газа во последните 24 часа, со што бројката на убиени Палестинци од октомври 2023 година се зголеми на 70.369, известува Анадолу.
Министерството за здравство во Газа во писмено соопштение ги сподели најновите податоци за жртвите, повредените и новоизвлечените тела од урнатините.
Во последните 24 часа, телата на 3 Палестинци, од кои еден бил извлечен од урнатините, и 5 повредени лица биле пренесени во болниците.
Откако стапи во сила прекинот на огнот, во Појасот Газа се убиени 379 Палестинци, 992 се повредени, а 627 тела се извлечени од урнатините.
Бројот на убиени Палестинци во нападите на Израел врз Појасот Газа, што започнаа во октомври 2023 година, се зголеми на 70.369, додека бројката на повредени изнесува 171.069.
- Договор за прекин на огнот и размена на заробеници во Газа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, на 9 октомври објави дека Израел и Хамас ја одобриле првата фаза од планот за прекин на огнот во Газа за време на тековните преговори во Египет.
Договорот потпишан во Египет, каде што се одржаа преговорите, стапи на сила на 10 октомври со одобрение од израелската Влада.
И покрај постигнатиот прекин на огнот во Појасот Газа, израелската Армија, повремено, под најразлични изговори продолжува да извршува напади врз Палестинците.