Alaattin Doğru
11 Октомври 2019•Ажурирај: 14 Октомври 2019
ДАКАР
Во источниот дел на Демократската Република Конго (DRK) исчезна воен товарен авион со осум лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Авионот „Антонов“ исчезна во попладневните часови со четири члена на екипажот и четири патници. Тој полетал од аеродромот „Гома“.
Контактот со авионот, чија посада беше украинска, е прекинат 1,5 час по полетувањето.
Во авионот се наоѓало оклопно возило на претседателот Феликс Чисекеди, кој се врати во престолнината по тридневната посета на источниот дел на земјата.
Метеоролозите наведуваат дека постои можност авионот да паднал како последица на неповолните временски прилики.