Ahmed Asmar
01 Ноември 2023•Ажурирај: 01 Ноември 2023
АНКАРА (АА) – Граничниот премин Рафа треба да биде отворен денес за да им се овозможи на повредените Палестинци да ја напуштат Газа и да се лекуваат во Египет, јавува Анадолу.
Директорот за медиуми на граничниот премин Рафа, Ваел Абу Мохсен, за Анадолу потврди дека преминот ќе биде отворен.
Таа најава ја потврди и челникот на властите во египетската област Северен Синај, Мухамед Шоша.
Тој рече дека болниците во Северен Синај се подготвени да ги примат ранетите Палестинци од Газа.
Граничниот премин Рафа е затворен од избувнувањето на судирот и почетокот на израелските напади во Појасот Газа, а беше отворен само накратко за да се овозможи минување на ограничени количини хуманитарна помош.