Nour Mahd Ali Abu Aisha,Safiye Karabacak
28 Август 2022•Ажурирај: 30 Август 2022
ГАЗА (АА) - Палестинските деца на југот од Појасот Газа учествуваат во „Маратонот на надежта“ организиран со цел да се сврти вниманието кон сиромаштијата во руралните подрачја, известува Агенција Анадолија (АА).
Во трката „Маратон на надежта“ организирана од страна на Општината Хан Јунис со финансиска поддршка на Европската Унија (ЕУ), околу 100 деца трчаа два километри по новоизградениот пат.
Градоначалникот Аладин ал-Бата изјави дека цел на трката е да се сврти вниманието во руралните подрачја.
„Целта е да се испрати и пораката до оние кои живеат во руралните подрачја дека постои надеж за подобри услови за живот“, додаде градоначалникот Ал-Бата.
Тој истакна дека во наредниот период ќе вложат напори за подобрување на услугите во тоа подрачје.