Mahmoud Barakat
23 Март 2017•Ажурирај: 23 Март 2017
КАИРО (АА) - Министерството за здравство на Египет објави дека најмалку 312 ученици од три египетски провинции се хоспитализирани поради труење со храна, јавува Аnadolu Agency (AA).
Учениците почнале да покажуваат симптоми на труење со храна по консумирањето на оброкот во државните основни училишта.
„Брзата помош ги транспортирала затруените во болница за да им биде укажана потребната медицинска помош“, се вели во соопштението на Министерството за Египет, во кое се наведува дека 211 случаи на труење се регистрирани во провинцијата Суец, 98 во јужната провинција Асуан и три во главниот град Каиро.
Според пишувањата на светските медиуми, компанијата што ги обезбедува оброците во училиштата е управувана од страна на египетската армија, која е вклучена во многу сектори на националната економија.
Стотици ученици и студенти во провинциите Минуфија, Шаркија, Бухејра и Сохаг имале слични симптоми минатата недела, по консумирањето на училишните оброци.