Tayfun Salcı
23 Март 2017•Ажурирај: 23 Март 2017
ЛОНДОН (АА) – Министерот за надворешни работи на Англија, Борис Џонсон, истакна дека вчерашниот напад во Лондон не е прв, ниту последен напад на градот и на Собранието, јавува Anadolu Agency (AA).
Џонсон, кој моментално се наоѓа во САД, на својот профил на една од социјалните мрежи го опиша нападот како „тажен“ и истакна: „Овој напад не е прв извршен напад врз Лондон и врз Собранието. Ниту ќе биде последен напад. Но, нашите вредности ќе надвладеат“.
„Оваа е борба во којашто сите заедно се бориме“, истакна Џонсон, нагласувајќи дека од различни земји во светот добива пораки во кои се изразува тага во врска со нападот.
- Операции во Бирмингем -
Од друга страна, според вестите објавени во англиските медиуми, полицијата ги истражува врските на напаѓачот и изврши рација во една куќа во градот Бирмингем, при што биле приведени 3 лица.
Бирмингем е познат како град во Англија во кој живее претежно муслиманско население.
Марк Роули, заменик-комесар на британската полиција одговорен во одделот за борба против тероризмот во Англија, во својата вчерашна изјава истакна дека е познат идентитетот на напаѓачот, но тој сѐ уште нема да биде објавен. Исто така, наведе дека полицијата претпоставува дека напаѓачот дејствувал инспириран од меѓународниот тероризам.
Полицијата информираше дека во овој напад загинале 5 лица, меѓу кои и напаѓачот, додека 40 лица се ранети.