Ekip
22 Февруари 2019•Ажурирај: 23 Февруари 2019
КУИТО (AA) – Геолошкиот завод на Соединетите Американски Држави (USGS) соопшти дека силен земјотрес со јачина од 7,5 степени по Рихтер го погоди источен Еквадор во близина на границата со Перу, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од Геолошкиот завод на Соединетите Американски Држави (USGS) рекоа дека потресот е забележан денеска наутро по локално време, на 17 километри јужно од градот Монталво, на длабочина од 132 километри.
Засега нема извештај за евентуални жртви или причинета материјална штета.