Alma Çekovic
01 Мај 2016•Ажурирај: 02 Мај 2016
КИТО (АА) - Спасувачките служби во Еквадор под урнатините спасија 72 годишен маж, речиси по две недели од разорниот земјотрес кој ја погоди јужноамериканската држава, пренесува Anadolu Agency (AA).
Венецуелскиот спасувачки тим го лоцираше Мануел Васкез, заробен под урнатините од земјотресот со јачина 7,8 степени по Рихтер, во кој загинаа 660 лица, соопшти Амбасадата на Венецуела во Кито.
Спасувачите го пронашле Васкез дури во петок откатко слушнале „звуци во делумно урнатата зграда" во покраината Мунаби додека вршеле инспекција во врска со структурните проблеми, се наведува во соопштението на Амбасадата.
Преживеаниот маж е примен во болница во дезориентирана и дехидрирана состојба, а лекарите потврдија дека има проблеми со бубрезите и дека изгубил неколку ножни прсти, пренесуваат локалните медиуми.
Земјотресот кој се случи на 16-ти април, најсилниот кој го погоди Еквадор во последните неколку децении, предизвика уривање на згради, оштетување на патишта и други инфраструктурни објекти во туристичките места вдолж еквадорскиот брег.
Стотина спасувачки тимови, доктори, медицински сестри, пожарникари и останат помошен персонал од многу земји се пратени во Еквадор со цел да помогнат во акциите на спасување на несреќните жители по големиот земјотрес.
Претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа, најави воведување на низа на драстични економски мерки, кои имаат за цел да ја санираат штетата од земјотресите, која е проценета на дури три милијарди долари.