Corey Blackman
21 Април 2016•Ажурирај: 21 Април 2016
САНТО ДОМИНГО (АА) - Рафаел Кореа, претседателот на Еквадор изјави вчера дека неговата земја размислува да стави обврзници на меѓународниот пазар со цел да собере средства за обнова од разорниот земјотрес, јавува Anadolu Agency (AA).
"Мора да воведеме безбедносни мерки со оглед на неочекуваната и голема потрошувачка. Оваа земја никогаш не била вака добро подготвена, но ваквата голема катастрофа би влијаела и на најбогатите земји на светот", смета Кореа.
Точниот износ на финансискиот губиток на Еквадор, по земјотресот со магнитуда 7,8 степени по Рихтер кој вчера навечер го погоди северниот брег на Пацификот, сеуште не е познат. Властите работат на тоа да создадат почетна процена на причинетата штета.
"Загубите би можеле да достигнат износ од неколку милијарди долари. Мојата перцепција е дека тоа ќе бидат околу три милијарди долари", вели Рафаел Кореа, претседателот на Еквадор. Додаде дека неговата земја веќе добила 160 милиони долари што е дел од кредитната линија во вредност од 600 милиони долари.
"Може да почнеме со обнова па засолништа и патишта. Меѓутоа, не се работи за период од три дена, туку се работи за години. Се наоѓаме во најлоша вонредна состојба во последните 70 години. Првата фаза беше да спасиме што повеќе животи и во тоа успеавме. Имавме само 525 мртви но и 54 спасени животи, што значи добар просек во вакви ситуации. Наредната фаза е да ги обезбедиме домовите на луѓето погодени од земјотресот, а тоа ќе трае со години", заклучи Кореа.
Најпогодени подрачја се Каноа и Јама, каде 85 отсто од стамбените објекти се уништени ,а по нив следи регионот Педерналес за 70 отсто. Загубите во Јама се проценуваат на 60 милиони долари, а во Педерналес на 240 милиони. Еквадорскиот претседател дека приоритети имаат и обновите на јавните инфраструктури, како што се патиштата, мостовите и болниците.