Emel Öz
26 Мај 2022•Ажурирај: 27 Мај 2022
ЛИМА (АА) - Земјотрес со јачина од 7,2 степени по Рихтер денеска го погоди регионот Тирапата во јужниот дел на Перу, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Геолошкиот завод на Соединетите Држави (USGS) соопштено е дека епицентарот на земјотресот е регистриран на 13 километри северозападно од местото Азангаро на длабочина од 217 километри.
Досега нема информации за последиците од земјотресот.
Центарот за предупредување соопшти дека нема закани од појава на цунами.
Претходно Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) соопшти дека се работи за земјотрес од 6,9 степени јачина по Рихтер.