Muhammet Nusret Altun
10 Јули 2019•Ажурирај: 11 Јули 2019
МЕКСИКО (АА) - Во трговијата со луѓе и криминалните дела поврзани со неа во Мексико, најголеми жртви се жените и девојчињата на мала возраст, пренесува Anadolu Agency (AA).
Националната комисија за човекови права во Мексико објави извештај во кој се објавени податоците за периодот од 5 години по воведувањето на Законот за борба против трговијата со луѓе во 2012 година.
Извештајот, во кој во делот за кривичните дела во трговијата со луѓе се споменуваат 26 различни кривични дела, меѓу кои се и илегалната трговија со органи, принудната работа и проституцијата, покажа дека 85 отсто од жртвите на трговијата со луѓе се жени и девојчиња на мала возраст.
Во извештајот, во кој се опфатени повеќе од 5.200 криминални досиеја, се истакнува дека трговијата со луѓе е особено интензивирана во подрачјето на сојузните држави Мексико, Долна Калифорнија, Оахака и Чијапас, при што 27 отсто од жртвите се деца.
Претседателот на Комисијата, Луис Раул Гонзалес, во својата изјава ја критикуваше државата дека несоодветно се однесува кон трговијата со луѓе, додавајќи дека е потребно да им се даде поголема поддршка на жртвите.