Ömer Koparan
29 Август 2019•Ажурирај: 30 Август 2019
АЛ БАБ (АА) - Западно од сирискиот град Ал Баб дојде до жестоки судири меѓу терористичката организација ЈПГ/ПКК и Слободната сириска војска (ССВ), кога ЈПГ/ПКК направила обид да ја пробие линијата на фронтот, јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа, западно од Баб, терористите на ЈПГ/ПКК се обиделе да навлезат во селото Диклабаш, кое е под контрола на Слободната сириска војска.
Дошло до жесток судир меѓу Слободната сириска војска и терористичката организација, при што било користено и тешко вооружување.
Во исто време, јужно од Азаз, во подрачјето на Кефер Каршин, ЈПГ/ПКК изрши напад врз Слободната сириска војска, која успеа да го одбие нападот.
- Напад на Африн -
Синоќа терористичката организација ЈПГ/ПКК, во подрачјето на Кимар, јужно од Африн, изврши напад врз опозициските сили. На нападот Слободната сириска војска одговори со иста мерка.
И тенковите на Турските вооружени сили ги гранатираа позициите на терористите на ЈПГ/ПКК.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК во рамките на операцијата „Маслинова гранка“ е отстранета од Африн, но продолжува нејзината окупација врз подрачјето на Тел Рифат.
Терористичката организација, која е вгнездена на тоа подрачје, често ги напаѓа населените места што се под контрола на Слободната сириска војска.