Ruslan Rehimov
02 Август 2022•Ажурирај: 08 Август 2022
КИЕВ (АА) - Во Украина стапи на сила одлуката со која се предвидува договорите на странските војници кои служат во Армијата да можат да бидат продолжени до 10 години, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, ја потпиша „Одлуката за измена на регулативата за воена служба на странци и лица без државјанство во Вооружените сили на Украина“.
Според одлуката, рокот на договор на странските војници кои служат во украинската Армија може да се продолжи до 10 години.
Претходно периодот на договорот на странските војници кои служат во украинската Армија можеше да биде продолжен до 5 години.
Откако започна Руско-украинската војна, по повик на администрацијата во Киев, илјадници странски борци, главно од западните земји, дојдоа во Украина да се борат против Русија.