Selçuk Acar
28 Септември 2017•Ажурирај: 28 Септември 2017
ЊУЈОРК (АА) - Министерот за надворешни работи на Иран, Џавад Зариф, истакна дека нелегитимниот референдум во Регионалната курдска управа во северниот дел на Ирак е една голема стратешка грешка, јавува Anadolu Agency (AA).
По завршувањето на 72. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН), Зариф продолжи со средбите во Њујорк, каде што одговори на прашањата на американскиот новинар и спикер Чарли Роуз во организацијата „The Asian Society“.
„Веруваме дека ова е многу сериозна грешка. Ние како пријатели на Курдите, ќе останеме вечни пријатели на Курдите. Веруваме дека ова е една голема стратешка грешка којашто нема да се ограничи само со курдскиот регион во Ирак“, истакна Зариф во врска со прашањето околу нелегитимниот референдум во Регионалната курдска управа во северен Ирак.
Од друга страна, на состанокот меѓу Зариф и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, одржан во седиштето на ОН, дискутирани се теми околу сеопфатниот заеднички акциски план, за Мјанмар, како и за нелегитимниот референдум во Регионалната курдска управа во северен Ирак. Зариф во рамките на средбите во Њујорк се состана и со претседателот на Генералното собрание на ОН, Мирослав Лајчак.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и Советот за безбедност на ОН претходно изразија загриженост дека нелегитимниот референдум во Регионалната курдска управа во северен Ирак има потенцијал за дестабилизација на регионот.