Ali Murat Alhas
26 Март 2022•Ажурирај: 28 Март 2022
КИЕВ (АА) - Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, изјави дека се неопходни преговори со Русија, но дека мора да бидат ориентирани на резултати и да бидат фер за Украинците, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Разговорот е неопходен. Осмислен разговор. Итно. Чесно. Со фокус на резултат, а не со фокус на одолговлекување“, рече Зеленски во изјава за Телеграм.
Зеленски порача дека украинскиот суверенитет мора да биде загарантиран.
„Територијалниот интегритет на Украина мора да биде осигурен, односно условите мора да бидат фер. Украинскиот народ нема да прифати поинаку“, додаде Зеленски.
Тој истакна дека Украинските вооружени сили ѝ нанеле тежок удар на руската Војска и нагласи дека над 16.000 руски војници загинале во Украина.