Vesna Besic
18 Мај 2022•Ажурирај: 18 Мај 2022
КИЕВ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска објави дека Русија ги нападнала регионите Лавов, Суми и Чернихив, јавува Агенција Анадолија (АА).
Зеленски соопшти дека руските сили извршиле воздушни напади и во источниот украински регион Луганск.
Според Регионалната служба за итни случаи, 8 лица загинале, а 12 се ранети во рускиот воздушен напад врз селото Десна во Чернихив.
Најмалку 3.752 лица загинаа, а 4.062 се повредени од почетокот на руската војна против Украина на 24 февруари, според проценките на Обединетите нации. Но, се верува дека реалната бројка е поголема.
Повеќе од 6,2 милиони луѓе ја напуштиле Украина во други земји, а 7,7 милиони се внатрешно раселени, според Агенцијата за бегалци на ОН.