Sinan Doğan
18 Мај 2022•Ажурирај: 18 Мај 2022
БОГОТА (АА) - Американските и европските нафтени компании ќе ги обноват своите активности во Венецуела, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез, на својот профил на Твитер напиша: „Владата на Венецуела ги потврди извештаите дека Соединетите Американски Држави ги овластиле европските и американските нафтени компании да преговараат и да ги рестартираат нивните операции во Венецуела.“
Нагласувајќи дека ќе ја продолжат својата борба за целосно укинување на санкциите против нејзината земја, Родригез рече: „Светот знае дека Венецуела со свои напори ги направи првите чекори кон економско закрепнување, ги надмина нелегитимните санкции и блокадата која е нечовечна. Нашиот народ со гордост ја следи нашата неодамнешна работа и нашите успеси.“
Наведувајќи дека Венецуела е земја посветена на демократските вредности, Родригез додаде дека ќе вложат напори за поттикнување на дијалогот.
Во вестите се тврди дека САД ги овластиле европските и американските нафтени компании да ги рестартираат своите активности во Венецуела.