Fuat Kabakçı
15 Ноември 2017•Ажурирај: 16 Ноември 2017
СЕУЛ (AA) - Најмалку 14 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,5 степени според Рихтер, кој ја погоди Јужна Кореја, јавува Anadolu Agency (AA).
Епицентарот на земјотресот е забележан девет километри северно од Поханг, на длабочина од девет километри. Повредени се 14 лица, а предизвикана е штета на 27 станбени згради. Од безбедносни причини, евакуирани се куќите и училиштата.
Земјотресот се почувствува и во Сеул и Бусан, а според официјалните податоци, не е нанесена штета на нуклеарните централи во Конџу.
Министерството за образование донесе одлука утре и в петок да не работат училиштата, поради како што се наведува, пукнатините што земјотресот ги предизвика на некои училишни згради во Поханг. И универзитетските испити закажани за утре се презакажани за 23 ноември.