Mahmut Atanur
19 Март 2020•Ажурирај: 19 Март 2020
ЏАКАРТА
На индонезискиот остров Бали се почувствува земјотрес со интензитет од 6,6 степени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата за метеорологија, клима и геофизика (BMKG) на Индонезија соопшти дека епицентарот на земјотресот се наоѓа на отворено море, 273 километри југозападно од островот Јужна Кута, на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за евентуални жртви или повредени, а не е дадено ниту предупредување од можно цунами.