Amina Zorniç
18 Мај 2016•Ажурирај: 19 Мај 2016
КИТО (АА) - Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала го погоди западниот дел на Еквадор, јавува Andolu Agency (AA).
Според податоците на евро-медитеранскиот сеизмолошки центар на (EMSC), земјотресот е регистриран на околу 34 километри од градот Роса Зарате и 35 километри од градот Mусне.
Инаку, споменатите градови сè уште се опоравуваат од земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди Еквадор на 19-ти април, а еден ден подоцна и земјотрес со јачина од 6,1 степени.
Во овие земјотреси загинаа повеќе од 650 лица, а 17.000 луѓе беа повредени.