Bayram Altuğ
19 Октомври 2019•Ажурирај: 20 Октомври 2019
ЖЕНЕВА
Бајрам АЛТУГ
Во Швајцарија утре се одржуваат парламентарни избори, пишува Anadolu Agency (AA).
Околу 5,4 милиони гласачи ќе избираат 245 члена на Парламентот, и тоа 200 во Долниот дом (Националниот совет) и 45 во Горниот дом (Државниот совет).
Швајцарија има традиционално стабилна политичка сцена, комплексен изборен систем и слаб одзив на гласачите. Оваа година новитет е единствено тоа што прашањето за климатските промени, актуелно во Европа и светот, даде надеж дека фаворити на овие избори во Швајцарија може да бидат Зелените.
На тој начин би можеле да ја победат Демохристијанската партија (CVP), четврта по сила во Долниот дом на Парламентот.
Во Швајцарија речиси 90 отсто од гласачите гласаат по електронски пат или со писмо, не излегувајќи на гласачките места. Се очекува учеството на изборите по 40 години во земјата да надмине 50 отсто, а на утврдените анкети на избирачките места гласа само 10 отсто од гласачкото тело.
Поради сложената политичка структура и изборен систем, во Швајцарија, со популација од околу 8,4 милиони жители, над 50 години владеат коалициски влади.
Федералната влада ја сочинуваат седум министри кои ги избира Парламентот.