02 Ноември 2023•Ажурирај: 03 Ноември 2023
КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) - Израелската полиција употреби физичка сила над припадниците на антиционистичката група „Нетуреи карта“, кои имаа закачено палестинско знаме во населбата во која живеат ултраортодоксни Евреи во Западен Кудс (Ерусалим), пренесува Анадолу.
Врз основа на изјавите на членовите на групата и врз база на снимките објавени на социјалните мрежи споделени од страна на Меѓународната организација на антиционистички Евреи, израелската полиција грубо интервенирала врз припадниците на групата „Нетуреи карта“ во квартот Меа Шеарим во Западен Ерусалим.
На снимките може да се забележи како израелските полицајци насилно туркаат одделни членови на групата и ги удираат.
„Нетуреи карта“ е позната како ултраортодоксна еврејска заедница која ѝ се спротивставува на државата Израел и на ционизмот според верските и морални основи, а се истакнува во светот по својата поддршка за Палестина.