Ikrame Imane Kouachi
08 Декември 2023•Ажурирај: 08 Декември 2023
АЛ-КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) - Ракети лансирани од Газа паднаа во морето кај брегот на Тел Авив, објави денес Израелската радиодифузна корпорација, пренесува Анадолу.
Се додава дека пред тоа не се огласиле сирените на предупредување.
Две ракети лансирани од Газа паднале во морето, покрај брегот на Тел Авив. Нема извештаи за повредени или нанесена материјална штета, објави израелскиот Канал 12.
Бригадите Ал-Касам, вооруженото крило на палестинското движење Хамас, потврдија дека истрелале ракетен бараж како одговор на ционистичките масакри над цивилите.
Израел ја продолжи својата воена офанзива против Појасот Газа на 1 декември по завршувањето на еднонеделната хуманитарна пауза со палестинската група Хамас.
Најмалку 17.177 Палестинци загинаа, а над 46.000 се повредени во немилосрдните воздушни и копнени напади врз енклавата од 7 октомври по прекуграничниот напад на Хамас.
Според официјалните податоци, билансот на загинати во Израел, во нападот на Хамас, изнесува 1.200.