Ayşe Sarıoğlu
20 Ноември 2016•Ажурирај: 21 Ноември 2016
ПУКХРАЈАН (AA) - Бројот на лица којшто загинаа во денешната железничка несреќа кога излета воз од шините во северниот дел на Индија, во провинцијата Утар Прадеш, се искачи на 104 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Гереналниот директор на полицијиата Далџит Чаудхари истакна дека безбедносните единици, спасувачките екипи и граѓаните успеале од возот да извлечат 104 тела.
Несреќата се случи во 03:10 часот по локално време во гратчето Пукхрајан, коешто се наоѓа во близина на градот Нанпур. Причините за несреќата сè уште не се утврдени, а спасувачките екипи продолжуваат со активностите.
Во својата изјава премиерот Нарендра Моди ја изрази својата загриженост за несреќата, а на семејствата на загинатите им изрази сочувство.