Zehra Ulucak
18 Април 2018•Ажурирај: 18 Април 2018
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Во Индија се случи сообраќајна несреќа откако камионет што превезувал сватови паднал во река. Во несреќата животот го загубија најмалку 21 лице, пренесува Anadolu Agency (AA).
Индискиот телевизиски канал НДТВ (NDTV) објави дека камионетот тргнал од Синграулија во сојузната држава Мадја Прадеш кон градот Сидхи, каде што се одржувала свадбата.
Камионетот во близина на селото Мелиа, во подрачјето Сидхи, удрил во бариерите на мостот и паднал во реката Сон. Во несреќата загинаа 21 лице, а 30 се повредени.
Официјалните претставници се сомневаат дека до несреќата дошло откако возачот загубил контрола врз возилото.
На местото на несреќата се наоѓаат бројни полициски и спасувачки екипи.