Khalaf Rasha,Zeynep Tüfekçi
18 Април 2018•Ажурирај: 18 Април 2018
ТЕХЕРАН (АА) - Во близина на иранскиот остров Лаван во Персискиот Залив се урна хеликоптер. Во несреќата животот го загубија 2 лица, а 2 се водат како исчезнати, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави Иранската официјална новинска агенција, хеликоптер на иранска нафтена индустрија се урнал во близина на островот Лаван.
Во несреќата животот го загубија две лица, а во тек е акција за пронаоѓање на уште две лица, кои се водат како исчезнати.
Во веста се вели дека хеликоптерот се урнал додека пренесувал пациент. Во леталото се наоѓале 4 лица. Лицата што се пронајдени мртви се пациентот и здравствениот работник, а исчезнати се пилотот и неговиот помошник.