Ekip
06 Февруари 2018•Ажурирај: 07 Февруари 2018
ЛАКНАУ (AA) - Лажен лекар што ги лекувал сиромашните селани во северниот дел на Индија од настинка, кашлица и дијареа, инфицирал најмалку 21 лице со ХИВ, користејќи заразени игли и шприцеви, јавува Anadolu Agency (AA).
Здравствениот претставник Сушил Чоудхури изјави дека полицијата е во потрага по Раџендар Јадав, кој избегал од Бангармау, мал град во државата Утар Прадеш, откако во декември минатата година беа открини случаи на инфицирање.
Жителите тврдат дека ретко го гледале Јадава како ги менува иглите што, смета Чоудхури, најверојатно довело до ширење на вирусот.
„Јадав ги посетувал селаните со неговиот велосипед и ги лекувал на отворено. Селаните се жалеа дека за малку пари им давал инјекции за речиси сите болести“, рече Чоудхури.
Системот на здравствена заштита во Индија се бори со недостаток на персонал и болници, поради што милиони сиромашни бараат помош од лажни лекари.
Според извештајот на Заедничката програма на ОН за борба против СИДА, кон крајот на 2016 година, 2.1 милиони лица биле заразени со ХИВ, од кои 9.100 се деца на возраст под 15 години.